Во приватните пензиски фондови лежат над 300 милиони евра

Bez autora
Jul 18 2012

Нето средствата со кои управуваат двата задолжителни приватни пензиски фондови во земјава на крајот од јуни годинава достигнаа износ од 18,6 милијарди денари (302 милиони евра), што претставува раст од 2,6% во однос на претходниот месец, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС). КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд (КБПз) е рангиран на прво место со нето средства под менаџмент во износ од 9,97 милијарди денари на крајот од јуни, а потоа следи НЛБ Отворен задолжителен пензиски фондд (НЛБз) со 8,63 милијарди денари. Двата фондови на крајот од јуни имале вкупно 240.545 членови од кои во КБПзз членуваат 125.757 лица, а во НЛБзз 114.788 лица.

Во приватните пензиски фондови лежат над 300 милиони евраНето средствата со кои управуваат двата задолжителни приватни пензиски фондови во земјава на крајот од јуни годинава достигнаа износ од 18,6 милијарди денари (302 милиони евра), што претставува раст од 2,6% во однос на претходниот месец, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС).

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд (КБПз) е рангиран на прво место со нето средства под менаџмент во износ од 9,97 милијарди денари на крајот од јуни, а потоа следи НЛБ Отворен задолжителен пензиски фондд (НЛБз) со 8,63 милијарди денари. Двата фондови на крајот од јуни имале вкупно 240.545 членови од кои во КБПзз членуваат 125.757 лица, а во НЛБзз 114.788 лица.

Најголем дел од овие средства кај двата фонда, и тоа над половината, се вложени во обврзници од домашни издавачи (59,7% кај НЛБзз, а 56,9% кај КБПзз). На второ место кај НЛБзз се инвестициите во депозити со 18,1%, а кај КБПзз инвестициите во инвестициски фондови од странски издавачи со 23,5% од вкупните средства.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik